Британската фунта падна после објавувањето на анкетите кои покажуваат дека после денешните предвремени парламентарни избори ниту една партија нема мнозинство.
Според податоците на Блумберг, фунтата падна за 1,5 отсто во однос на доларот.
Анкетите од избирачките места укажуваат дека конзервативците добиле 314 од 650 пратеници, додека пред изборите имаа 330. Лабуристите според тие проценки добиле 226 пратеници. Шкотската национална партија ќе добие 34, а либералдемократите 14 места во британскиот парламент, додека останатите мандати ќе ги добијат малите партии.
На пазарите се оценува дека со тенко мнозинство на премиерката Тереза Меј, ако повторно биде избрана, ќе и биде тешко да мине низ преговорите за Брегзит со Брисел, што дополнително ќе ја влоши положбата на фунтата.







