Од граничните премини во Црна Гора, од 7 јуни до денес, Управата за безбедност на храна и фитосанитарни работи спречила влез на пазарот на 12 небезбедни пратки на разни видови храна (зеленчук, овошје, храна за деца, храна за животни, сокови, зачини…)
Вратени се повеќе од 40 тони лимони, лубеници, праски и пиперки во кои било утврдено присуство на многу поголеми количини пестициди од дозволеното.
Концентрацијата на пестицидите во лимоните била дури 16 пати поголема од дозволената, во пиперките девет, а во лубениците двојно повеќе.
Државите од кои се испратени камионите со производи полни со пестициди се информирани во склад со принципите на меѓународната трговија.
Овие примери покажуваат дека на граничните премини максимално е подигната контролата на намирници, за што неодамна најави директорката на црногорската Управа за безбедност на храна, Весна Даковиќ.
Освен на премините контрола на храната е зајакната на пазарите, во продавниците и во објектите каде што се продава брза храна од каде што се замаат случајни примероци за анализа.










