Турција планира да формира сопствена вселенска агенција, како мерка за зајакнување на безбедноста на земјата, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.
„Одлуката за создавање на вселенска агенција беше донесена со цел да го обезбедиме развојот и безбедноста на земјата со помош на вселенските и авијациските технологии, како и за пронаоѓање и користење на природните ресурси во корист на луѓето, објасни Јилдирим за време на отворањето на фабриката за делови за хеликоптери во округот Ерзурум.
Турскиот премиер наведе дека предлог-закон за формирање на агенцијата веќе е поднесен за разгледување во турскиот Парламент.







